Skip to main content

„Саем за наука и култура“, во Јахја Кмал Струга

„Саемот за наука и култура“ е несекојдневен настан кој што ги обединува сите науки, дисциплини, вери и нации во една заедничка дружба. Ова е пораката од менаџерскиот тим на приватното средно училиште „Јахја Кемал“. Денес во оваа приватна установа, посетителите на околу стотина штандови имаа можност да ги погледнат бројните проекти кои ги подготвија учениците од ова школо.

 |  Николоска Биљана  | 

Секоја втора година приватното средно училиште „Јахја Кемал“ традиционално го организира „Саемот за наука и култура“. Овој саем претставува изложба на научни експерименти и културолошки проекти од области на предметите матеметика, физика, хемија, биологија, информатика, англиски јазик, македонски јазик, албански јазик, турски јазик, историја и географија, изработени од повеќе групи ученици од неколку училишта од Струга, Охрид, Дебар ,Кичево, Ресен. Заменик директорот Коста Хиохи истакна дека вистинско задоволство е на едно место да се забележат толку насмевнати лица и задоволни посетители.

„Саемот за наука претставува збир на една долготрајна работа на нашите ученици како и учениците на југозападниот дел на Р Македонија, се мисли на училиштата од овој регион. На штандови претставени се ракотворби, експерименти од разнии научни дисциплини, култура, фолклор…. се е застапено сите цивилизациски придобивки. Се на се еден фестивал на култура, јазик и конгломерат на сето она што го опфаќа образованието, формалното и неформалното“-вели Хиохи.

Проектите за „Саемот за наука и култура“ биле подготвувани еден подолг временски период од 3-4 месеци, во зависност од научните дисциплини и предметите во кои биле вклучени учениците информираше Хиохи. Според него резултатите од нивниот труд на денешниот настан се видливи и претставува збир на сите културни и цивилизациски придобивки во кои што уживаме во денешно време.

„Дружење, славење на науката на културите еден несекојдневен настан кој што ги обединува сите науки, дисциплини, вери нации во една заедничка дружба и како што гледате денеска прекрасни весели лица кои ретко можете да ги видите во денешно време “ – изјави Хиохи.

Големо внимание кај посетителите привлекоа штандовите каде што беа презентирани хемиски обиди и експерименти, делот каде што учениците презентираа медицински проекти, како и и штандот каде што се презентираше современата компјутерска техника. Освен научните експерименти и проекти, интересни беа изложбените штандови на кои се презентираше турската и македонската култура и традиција. Покрај учениците настанот го проследија и останатите училишта, детски градинки од регионот, кои имаа можност да се запознаат со работата и активностите на овој колеџ.