Skip to main content

Само 1 кандидат за претседател на струшкиот совет

Кандидатот на ДУИ ќе го подржи ВМРО ДПМНЕ.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого
Претседател на струшкиот совет ќе се избира во понеделник. За тогаш е закажана седницата на која меѓу другото  се очекува да се изврши и избор на првиот човек на советот. ТВМ дознава дека засега единствен кандидат за оваа функција нуди ДУИ. Нивни предлог е магистер Џеваир Беќири, универзитетски професор по математика и долгогодишен активист на ДУИ.


sovet„Прва точка на Дневен ред е избор на претседател на Совет, сигурно ќе биде кандидатот на ДУИ. Тој е наш предлог и за тоа ќе одлучат советниците“-вели Рамиз Мерко, претседател на ОО на  ДУИ.

Зад кандидатот на ДУИ највероватно ќе застане и коалиционит партнер на централно ниво, ВМРО ДПМНЕ. Твм дознава дека деновиве општинскиот комитет на оваа партија е во интензивни преговори со ДУИ со цел да се задоволат заедничките интереси.

“Ние и понатаму ќе преговараме. Ќе го подржиме нивниот кандидат доколку и тие ни одговорат на нашите барања. Сакаме членови на нашата партија да бидат на одлучувачки функции во Локалната самоуправа“-вели Славко Котески, претседател на ОК Вмро Дпмне.

Според информациите на ТВМ ДУИ очекува подршка од советничките групи на Вмро Дпмне и Нова Демократија.
Засега, за кандидатот кој го предлага ДУИ тие не преговарале со другите политички партии.

Од СДСМ велат дека не се информирани кои се кандидатите за претседател на советот. Истакнаа дека нивниот совет ќе го кажат на седницата.
Неофицијално Џеваир Беќири нема да го подржа од ДПА ниту пак од Партијата за Европска иднина. Доколку во  Понеделник не се избере претседател на совет дел од партиите не ја исклучуваат можноста да предложат  свој кандидат за извршување на таа функција.

{loadposition content9}