Браќа миладиновци
Санација на бината во струшкиот центар за култура
Се работи на санација на главната бина, фасадата и паркот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Во текот на септември и октомври со средства од Министерството за култура беше извршена санација и реконструкција на платото пред летната сцена.
Тековно преку донации од културни работници, уметници, здруженија за култура и преку соработка со општествено одговорни компании, како и сопствени средства се работи на санација на главната бина, фасадата и паркот.




