СДСМ под пенџере кај ВМРО – ДПМНЕ
Од таму го повикаа членството на владеачката гарнитура да ги подржат во нивната цел, стопирање на урбанистичкиот хаос во Струга, кој е во режија на струшкиот градоначалник.
Струшките социјал демократи, предлагаат конкретни мерки за стопирање на урбанистичкиот хаос. Тоа го направија пред влезот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Струга. Наташа Пинтоска Беќароска, советничката на СДСМ, деновиве е во прва борбена линија против уништувањето на струшкото крајбрежје. Таа го повика челнството на ВМРО ДПМНЕ да донесат две важни одлуки.
„Прво, веднаш да ја напуштат владеачката коалиција која ја имаат со Рамиз Мерко и ДУИ на локално ниво во Струга. Второ, да го повикаат Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски во ниту еден случај да не го одобрува Урбанистичкиот план на Рамиз Мерко со кој се узурпира струшкото крајбрежје. Ова е единствениот начин да се стави крај на злоупотребите на Рамиз Мерко и да се заштитат граѓаните од узурпацијата на речиси сите јавни површини во нашата Општина“.
Беќароска упати апел до сите стружани па и до ОК на ВМРО – ДПМНЕ да земе учество во протестите, кои невладиниот сектор веќе подолго време ги најавува, а никако да ги реализира
„Ја користам оваа прилика да ја информирам јавноста дека ОО на СДСМ – Струга донесе одлука да земе активно учество во протестите кои се организираат против уништувањето на струшкото крајбрежје. Го повикуваме ОК на ВМРО- ДПМНЕ да го стори истото и да ни се приклучина протестите. Сакам да потенцирам дека за Нацрт Деталниот Урбанистички план, гласаа само двајцата советници од редовите на СДСМ Струга, Илија Мацески и Александар Попоски, тоа беше нивен личен став а не став на СДСМ“.
Од ОО на СДСМ Струга, укажуваат дека нивниот став во врска со урбаното дивеење е јасен – дека раководството на Општина Струга прави класична злоупотреба со груба узурпација, преку планот за измена на крајбрежниот појас на струшкиот дел на Охридското езеро. Тие дури не ја исклучуваат и можноста дека тука се работи за нечии лични бизнис интереси.
{loadposition content9}