СДСМ е на вистинскиот пат
Струшките социјалдемократи реагираат. Повод за тоа се црните плакати кои вчераутро биле излепени на неколку ударни места во Струга, со содржина, „Бранко оди си Македонија не те заборава“.
СДСМ
Бранко оди си, Македонија не те заборава. Ова е пораката која вчераутро ги разбуди стружани. На ова веднаш реагира од ОО на СДСМ од Струга. Претседателот на партијата Александар Попоски овој чин најостро го осуди и го окарактеризира како тотална безидејност на ВМРО – ДПМНЕ и неможност партијата на власт да ги реши проблемите на граѓаните. Тој кажа и зошто е тоа така.
„После нивните два неуспешни митинзи на кои и покрај притисоците и користењето на сите државни ресурси, имаа двојно помалку луѓе отколку на нарофниот собир во прилеп, Груевски и фамилијата се во паника, а ВМРО – ДПМНЕ во целосен хаос“
Граѓаните во црните плакати наменети за Бранко Црвенкоски ја препознаа негативната и приземна кампања на Груевски и неговата фамилија, вели Попоски. Тој додава дека заради тоа граѓаните биле револтирани и експресно ги отстранале палкатите од сите места во градот каде што биле излепени.
Претседателот на струшкиот огранок на СДСМ, вели дека ова не е прв пат и дека методите на ВМРО – ДПМНЕ се веќе добро познати и проѕирни. Попоски рече дека ваквиот начина на делување е со цел да се дефокусира јавноста посебно кога владеачката партија е загрозена и кога и паѓа рејтингот.
{loadposition content9}