Продолжува градежната експанзија во Вевчани. Се реконструираат, санираат, асфалтираат нови локални улици.
Деновиве започна асфалтирање на улицата „Мурџеј Дрење“. Продолжуваме со реализација и изградба на локалните улици во Вевчани – информира градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочоски.