Skip to main content

Здравствен дом др светозар чочороски

Се надоградува биохемиската лабораторија во Вевчани

Се надоградува биохемиската лабораторија во Здравствениот дом Вевчани. Набавени се нови медицински апарати и извршена е надградба на лабораторискиот информативен систем. Постојано има реагенси за сите видови анализи, токму затоа зголемен е бројот на пациенти од целиот регион.
 |  инфодеск  | 
Лабораторија Вевчани

Се надоградува и усовршува биохемиската лабораторија во Здрaвствениот дом „Д-р Светозар Чочороски” во Вевчани. Надограден е системот на хематолошки бројачи, набавен е нов имунолошки анализатор, извршена е надградба и на лабораторискиот информативен систем.

Сите лекари преку дигиталниот систем, веднаш ги имаат на увид резултатите од пациентите. Биохемиската лабораторија има доволно стручен кадар, дневно се прават во просек по стотина анализи.

Постојано да ги следиме новите достигнувања во медицината во лабораториската дијагностика и затоа постојано набавуваме нова опрема, ја надоградуваме и усовршуваме онаа што ја имаме. Со цел постојано да сме во пресрет на пациентите и нивните потреби да ги задоволиме. Со тоа многу ни е убрзана работата, добивме многу и во време и во квалитет. Можеме да ги услужиме пациентите на време, што е за нив најважно. Брзо да завршат работа и да добијат квалитетна услуга – вели Наташа Богоеска, специјалист по медицинска биохемија.

Лабораторија Вевчани

Во лабораторијата постојано има реагенси за сите анализи, па токму затоа на испитување доаѓаат и пациенти од Охрид и Струга, каде болниците имаат недостиг на потрошен материјал.

Пациенти имаме од целиот регион што го покриваме, но во последно време доаѓаат од Охрид, Струга, Ресен, Дебар постојано во континуитет, ни доаѓаат и од Македонски Брод, од Прилеп од сегде имаме пациенти, што ќе слушнат и сакаат брзо и квалитетно да добијат услуга. Работиме комплетна хематологија, испитување на крвна слика, седиментација, сите биохемиски анализи. Од имунолошки анализи работиме од маркери, хормони, фертилни и тироидни хормони, алерготестови. Се она што воглавно може да се работи во една лабораторија од наш обем како што е Здравствениот дом, дури и се носиме со големите лаборатории – додава Богоеска.

Лабораторија Вевчани

Минатата година во пандемијата низ биохемиската лабораторија во Вевчани поминаа над 10 000 пациенти.

Новинар : Соња Рилковска