Skip to main content

Се намалува бројот на хоспитализирани во струшката болница

Се намалува бројот на хоспитализирани во струшката болница, а истовремено расте интересот за вакцинација. Во Струга имунизирани се 23 000 граѓани и уште 10 000 во Здравствениот дом во Вевчани. Од менаџментот на здравствените установи велат строго се забранети посети на ковид болни пациенти, кои се лекуваат во болниците.

 |   | 

Се намалува бројот на хоспитализирани во струшката болница. Моментално има 28 пациенти на болничко лекување, од кои 14 невакцинирани со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка. Вакцинираните се во постабилна состојба, велат лекарите.

Во истовреме расте и интересот за вакцинација. Дневно на вакциналните пунктови во Струга се вакцинираат околу 400 лица, вкупно се имунизирани 23 000 граѓани.

Јас сум задоволен од бројот и од одзивот на граѓаните е сега во смисол на гужва има бидејки не е со закаување на термини. И самите граѓани тука грешат бидејќи им се даваат бројчиња и знаат отприлика за колку време им е редот но нашиот менталитет е тој, но во суштина нема некои проблеми. Само два пункта имаме бидјеки толку е персоналот – вели Андон Ложанкоски директор на Здарвствен дом Струга.

Расте интересот за вакцинација и во Здравствениот дом во Вевчани, каде се имунизирани околу 10 000 лица.

Вакцинацијата тече и во последните седум дена имаме екстремно зголемување на интересот, посебно во делот на селата кои што не беа опфатени каде немаше интерес во претходните месеци сега имаме екстремно поголем интерес така што процентот на вакцинирани во делот што го покрива Здавствен дом Вевчани е околу 35%”, вели Јован Стојкоски директор на Здравствен дом Вевчани.

Од менаџментот на здравствените установи велат строго се забранети посети на ковид болни пациенти, кои се лекуваат во болниците. Роднините не смеат да влегуваат во модуларните болници, инфективните одделенија и ковид центрите, поради опасноста од ширење на вирусот.

 

Новинар – Соња Рилковска