Skip to main content

Агенцијата за вработување Струга

Се намалува невработеноста во струшко

Годинава невработеноста е намалена за 5% во однос на лани. Најдефицитарен кадар во туристичка Струга е квалификувани  работници во хотелско угостителскиот сектор, здравството и образованието.  Од Агенцијата велат во регистарот на невработени дел се активни баратели на работа,  но дел не бараат работа, се запишуваат  само за  здравствено осигурување.
 |  инфодеск  | 

Се намалува невработеноста во струшко. Во регистарот на  подрачното одделение на Агенцијата за вработување Струга се запишани  2814 невработени лица, што е намалување од 5% во однос на претходниот период.  Загрижува тоа што   расте бројот на висококвалификуван кадар кој бара работа,  а меѓу нив голем е бројот на млади лица, кои не бараат работа,  само користат здравствено осигурување.  

„Имаме млади лица кои што не сакаат да работат се пријавуваат само за социјално односно здравствено осигурување. Затоа ми многу ми е жал од една страна имаме недостиг на работна сила, а од друга страна имаме невработени кои не сакаат да работат“,вели Евелдина Дика директор на подрачната единица на Агенцијата за вработување Струга.

Најдефицитарен кадар во туристичка Струга е квалификувани  работници во хотелско угостителскиот сектор и здравството. Недостигаат лекари, медицински сестри, архитекти, и образовен кадар.   

„Немаме наставници или професори за оделенска настава, англиски јазик, француски, германски јазик, географија, математика, физика, хемија, билогија, социологија. Со тоа што се прави спогодба меѓу школите за да се пополни потребното време за работа “, вели Дика.

На списокот на невработени лица во Струга, преовладуваат лица со основно образование, но  има ги има и  со  средно и со високо образование, нема магистри и доктори на наука.

Новинар Соња Рилковска