Skip to main content

Се намалува невработеноста во струшко

Годинава невработеноста е намалена за 10% во однос на лани. Најдефицитарен кадар во туристичка Струга се квалификувани работници во хотелско угостителскиот сектор и медицински кадар.
 |  инфодеск  | 
Струга

Моментално во подрачното одделение на Агенцијата за вработување Струга има околу 3.000 лица.  Интересно е што се зголемува бројот на висококвалификуван кадар кој бара работа, а нискоквалификуваната работна сила се намалува.

Во однос на родовата застапеност иста застапеност има и на мажи и жени. Од Агенцијата велат, во регистарот на невработени лица дел се активни баратели на работа, но дел не бараат работа, се запишуваат само заради здравствено осигурување.

Значи во 2021 имавме 3.582 невработени кои што се пријавени активни баратели. Во 2022 имаме 3.227, а во 2023 имаме со јануари месец 3.123 лица. Меѓутоа од тие 3.000 невработени не се знае колку се невработени, кај нас има одзив на невработени кои се поврзани со здравственото осигурување и толку им треба – вели Евелдина Дика, директор на подрачната единица на Агенцијата за вработување Струга.

Елведина Дика

Најдефицитарен кадар во туристичка Струга се квалификувани работници во хотелско угостителскиот сектор и медицински кадар.

Значи немаме кувари, немаме квалификувани келнери, немаме помошници во кујна. Меѓутоа, од друга страна, немаме ни фармацевти, техничари, лаборанти, немаме медицински сестри, немаме ни доктори. Колку што гледам и по медиумите, нема доктори. Можам слободно да потврдам дека немаме ни доктори или се на специјализација или се странство – вели Дика.

Вработување

На списокот на невработени лица во Струга има кадар со високо образование, но нема магистри и доктори на наука.

Новинар : Соња Рилковска