Се нормализира состојбата во ОУ „Јосип Броз Тито“ во Струга после поплавата
Влажни ходници, накиснати зидови, уништени подови, клупите и компјутерите во очајна состојба. Ваква е состојбата во ОУ „Јосип Броз Тито“ после поплавата која се случи викендов. Како што информираа од училиштето некој намерно или случајно заборавил да ги затвори чешмите во две училници, поради што настанала поплавата. Директорката го сумира обемот на штетата, ќе го бара одговорност.
Полека се нормализира состојбата во ОУ „Јосип Броз Тито“, Струга, после поплавата која деновиве се случи во ова училиште. Како што информираа од училиштето, окако некој случајно или намерно заборавил да ги затвори чешмите водата три дена течела низ објектот при што поплавила 8 училници. Директорката на училиштето Наташа Пинтоска Беќароска вели дека ќе бара одговорност.
„Се уште утврдуваме од што точно, дали од невнимание или некој сакал да си поигра. Во петокот немаше вода во цела Струга. Најверојатно некој или заборавил или намерно ги оставил чешмите во две училници. Со доаѓање на водата во вечерните часови, ние секако бевме дома, се случи штета. Одговорност мора некој да сноси“
Среќна околност е што е зимски распуст па штетите кои се прилично големи, одговорните ќе се обидат да ги санираат до стартот на второто полугодие. Беќароска предочи дека како нов директор затекнала голем број наталожени проблемиа кои се криеле под тепих низ годините наназад.
„Подовите се уништени уште од претходно, затоа што не е инвестирано минатите 11 години, не е ставн ниту еден брут во цело училиште. Подовите претходно беа уништени, сега се и дооштетени“
Инаку поплавата ја забележале децата кои за време на викендот играле во училишниот двор, како што кажа директорката. За случајот бил известен и градоначалникот Рамиз Мерко кој ветил финансиска помош од општината за решавање на проблемот до 20 ти јануари.