©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Центар за рамномерен развој на ЈПР

Се реконструира старото струшко јадро

При тоа се реупотребуваат здравите камени блокови за да се запази автентиниот изглед на чаршијата. Завршени се близу 80 посто од планираните проекти на Југозападниот плански регион. кои се изведуваат преку Бирото за рамномерен развој.
 |  Валентина Неловска  | 
Струга

Се подобруваат условите за сообраќај и пешачење на неколку улици во струшката чаршија. Се заменуваат и поставуваат камени блокови, а при тоа се внимава да не се наруши градскиот автентичен изглед, информира Мирјана Лозаноска , директорка на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Се реупотребуваат здравите камени плочи при реконструкцијата на улиците 27 Март, Браќа Миладиновци, Нико Нестор, Гоце Делчев и Димитар Влахов. Градежните зафати се изведуваат во должина од 600 метри и површина од 3600 метри квадратни.

струга чаршија

Максимално се користи каменот кој е во добра состојба на постојните улици во Струга. Единствено, замена со нови се прави каде што се оштетени блоковите и не може да се искористат. Во услови на екомска криза здравиот камен не се фрла. Тлото максимално се зајакнува со сите градежни техники и камените блокови се реупотребуваат“, напоменува Лозаноска.

Станува збор за проект во висина од 18 милиони денари. Од тие средства 10,5 милиони денари се инвестиција на Бирото за рамномерн развој, а со 2,5 милиони денари учествува и општина Струга. За замена на водоводната мрежа, која паралелно се менува со камените блокови, општината обезбеди дополнителни средства, кажа струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

чаршија

„Општина Струга зеде обврска и за нешто повеќе да направи. Го поправи водоснабдувањето во градот. Сите азбестни цевки се вадат и се ставаат нови, квалитетни водоводни цевки. Се инвестираат 4 милиони денари. Секој дом ќе добие квалитетно снабдување со вода и ќе ги нема повеќе азбестните цевки“, вели Мерко.

Проектот за реконструкција на струшкото, градско јадро треба да заврши до крајот на месец ноември. Со тоа ќе финишира и последниот проект на Југозападниот плански регион за оваа година,финансиран од Бирото за рамномерен развој. Во меѓувреме, се завршени и други проекти, како што се партерното уредување на просторот околу туристичкиот инфо центар во Вевчани, асфалтирани се улици во центар Жупа и во Охрид, од кои четири крака на улицата Даме Груев и Момчило Јорданоски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top