ЈП Комунално Струга започна со реновирање на дрвениот мост во Струга.
Се заменуваат оштетените делови од мостот и потоа ќе се изврши финално бојадисување за заштита од атмосферски услови.
Дрвениот мост во Струга е едно од препознатливите обележја на градот на Црн Дрим. Денешниот мост беше изграден на местото на стариот мост кој датираше од 1987 година, а беше срушен во 2011 година, поради лошата состојба.
Во 2016 година, почна изградбата на новиот мост кој една година подоцна во јануари 2017 година беше свечено пуштен во употреба.