Се шушка во Струга
Претседателското место на струшкиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ примамлива позиција за повеќето партиски активисти во оваа општина. До крајот на неделава треба да се знае кој ќе застане на оваа челна позиција.
вмро-дпмне
Претседателското место на струшкиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ тема број еден во струшката чаршија. Како можни кандидати се спомнуваат имиња на активисти кои се на челните позиции на институции, професори, сопственици на кафулиња, адвокати. Меѓу нив е и името на Надица Николовска, раководител на пазарниот инспекторат од Струга, Стефан Томаноски, сопственик на кафетерија, Боро Симјаноски, адвокат, Васил Максимоски, професор, Станислав Буклиоски ,доктор, Мирко Савески, екс директор на СИЗ и Тони Чуркоски професор. Интерес за оваа позиција пројавиле 27 кандидати. Пратеничката од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Лилјана Затуроска вели дека засега ова се само шпекулации бидејќи сеуште комисијата составена од членови на Извршниот комитет нема излезено со конкретен предлог. Затуроска потврди дека до крај на оваа недела најверојатно ќе се знае името на новиот претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Струга. Предвремениот избор настапи откако бившиот претседател Славко Котевски беше разрешен заради изјава во медиумите во врска со распределбата на струшките плажи во која беше кажано дека истите ќе се делат според етничка припадност. Драгче Далчески и Петко Кутаноски како едни од најистакнатите партиски послушници на ВМРО – ДПМНЕ, според чаршиските гласини не влегле во потесниот круг.
{loadposition content9}
{loadposition content9}