Се стеснува кругот на кандидати
Уште малку време останува додека не се дознае името на новиот претседател на стушкиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
| Информативна | Струга
ВМРО ДПМНЕ
Уште малку време останува додека не се дознае името на новиот претседател на стушкиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Како што е познато местото на предвреме завршениот мандат на адвокатот Славко Котески, сеуште е празно и за него претендираа многу членови на оваа партија. Како што ТВМ дознава, од добро упатени извори на партијата, во најтесниот круг, кои биле повикани на разговор кај премиерот се:
Надица Николоска – началник на Пазарен инспекторат, која се смета за еден од посериозните кандидати, Виолета Џутеска – просветен инспектор, Гоце Божиноски – електро инжинер, Симон Костојчиноски – директор на Катастар, Јоне Џикоски – наставник по историја во ОУ„Браќа Миладиновци“ и Станислав Буклиоски – гинеколог. Еден од овие кандидати сигурно ќе седне во претседателската фотелја на струшкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ.
{loadposition content9}