Во тек се градежни активности за уредување на пристапни патишта, како дел од активностите на годишната Програма за изградба, реконструкција, заштита и одржување на локални улици и патишта на територијата на општина Вевчани за 2023 година.
Во текот на 2023 година преку неколку проекти ќе биде реконструиран значителен дел од сообраќајната инфраструктура во општина Вевчани – информира градоначалникот Спасе Кочовски.