Села:Нема демократија додека има уцени
Нема демократија додека има уцени, изјави кандидатот за градоначалник на ДПА Зијадин Села на денешното обраќање пред медиумите. Во Струга мора да се зачува кревкиот мир. Тој најави тужби до министри, пратеници и управни судии.
Стружани беа и останаа на страната на демократијата и истата ја сочуваа, а институциите го покажаа спротивното, дека се против своите граѓани и демократијата, изјави Зијадин Села, кандидатот за градоначалник на ДПА од Струга во неговото денешно обраќање пред медиумите. Одлуката на Управниот суд е само уште еден доказ дека институциите се на страна на Груевски, категоричен Села. Тој исто така посочи дека имале многу жалби околу она што се случувало на денот на гласањето во Струга, но дека во интерес на зачувување на мирот во градот одлучиле да не го објавуваат тоа. Но денес за дел од нив Села јавно проговори.
„Почнувајќи со полицајци кои што седеа внатре во гласачките места, а не како што е законски 100 метри оддалечени од гласачките места, со министри и пратеници од ВМРО кои правеа притисок врз граѓаните, со полицајци и спецојални единици алфи и што уште не кои им репетираа пиштоли во глава на граѓаните, посебно на 20 годишно момче во Октиси“
Пријавено е во Струга, дека инспектори во цивилно делеле лични карти пред избирачките места и ништо не е преземено, вели Села. Според него конците за состојбата во Струга на денот за изборите биле влечени од Охрид, Скопје или ДБК. Тој од една страна ги повика граѓаните на Струга на мирно гласање во една фер и демократска атмосфера, додека пак од друга страна до претставниците на високите државни уастанови и институции, се закани со тужби.
„Ве уверувам, јас како градоначалник ќе ги тужам сите тие судии за злоупотреба на функцијата сите тие министри на функцијата и сите пратеници, јас ќе ги тужам без разлика кој ќе биде исходот“
Села категоричен дека Струга заслужува подобро и вети дека во престојниот мандат тој тоа и ќе го постигне. Потенцира дека изборите ќе поминат, а стружани и после тоа ќе живеат заедно еден до друг.
{loadposition content9}