Skip to main content

Селмани се сретна со членството на „Нова демократија“ од Струга

Нова демократија се подготвува за предвремени парламентарни избори и покрај тоа што официјлни најави за тоа нема. По шпекулациите дека можно е ДУИ да излезе од владината коалиција, Селмани рече дека во оваа Влада не го гледаат своето место.

 |  Татјана Маленкова  | 
Imer Selamni
Имер Селмани

Imer SelmaniНова демократија се подготвува за предвремени парламентарни избори и покрај тоа што официјлни најави за тоа нема. По шпекулациите дека можно е ДУИ да излезе од владината коалиција, Селмани рече дека во оваа Влада не го гледаат своето место.

„Нова демократија“ се подготвува за предвремени парламентарни избори. Лидерот на оваа партија, Имер Селмани, денеска во Струга рече дека актуелната владеачка гарнитура треба добро да размисли по однос на ова прашање, затоа што  од предвремени избори корист ќе имаат партиите, а не граѓаните.  Според првиот човек на „Нова демократија“ предвремените избори се излез од момнталната криза и деблокирање на евроинтегративните процеси на земјава.
Иаку денеска Селмани се сретна со струшкото членството на „Нова демократија“. Тој со  присутните ги сподели, како што рече, заедничките грижи за иднината која ќе ја граделе  за Албанците, Турците, Бошњаците. На денешната средба стана збор и за политичката битка која ветува рамноправност  по етничка и верска основа за сите граѓани на Р Македонија.

Загрижени сме  и со политиките кои создаваат домајоризација на една етничка заедница во однос на другите немнозински заедници, додаде Селмани.

И покрај најавите дека ДУИ наскоро може да излезе од владината коалиција и по информациите од ДПА дека не планираат да го заменат местото на ДУИ истото го потврдија и од Нова Демократија. Селмани рече дека во оваа влада не го гледа своето место.

{loadposition content9}