Skip to main content

Селото Подмолје поделено на два дела

Едниот со асфалтирани улици и тротоари, а останатиот каллив и без канализација. Жителите велат- градоначалниците не посетуваат само пред избори.

 |  Тања Кувенџиска  | 
kal
кал
Едниот со асфалтирани улици и тротоари, а останатиот каллив и без канализација. Жителите велат- градоначалниците не посетуваат само пред избори.

60 домаќинства од селото Подмолје живеат во населба која не била опфатена со минатогодишното комунално  уредување. За разлика од останатиот во овој дел од селото,  улиците се неасфалтирани и калливии. Иако поставен, се уште не функционира ниту канализациониот систем. Според жителите, причина е што надлежните веќе неколку години не ги довршиле преостанатите 200 метри од системот.

„Направено е пола асфалт, канализација направија, ама не работи, вода немаме. Се наоѓаме меѓу два града, но никој не не посетува. Петрески не бара само кога ќе треба за глас“, велат жителите.

ulica„Селово е поделено партиски, затоа е пола асфалтирано. комуналии плаќаме, а канализација немаме, фекалиите се слеваат низ улици“, се дел од нивните коментари.  

Најмладите жители, основците, на пат кон училиштето и назад, принудени се да минуваат низ калливите улици. Дома се враќаат извалкани и со кал до колена.

Од Локалната самоуправа вината што не е довршен канализациониот систем во село Подмолје ја префрлаат на Министерството за транспорт и врски. Објаснуваат дека ја чекаат нивната согласност за прекоп на магистралниот пат со цел да се изврши приклучокот на канализациониот кон колекторскиот систем.   Од тоа, пак зависи и асфалтирањето на улиците. Додаваат- кога ќе се дозаврши канализациониот систем, тогаш ќе се асфалтираат и преостанатите улици во селото.

 

 

{loadposition content9}