Skip to main content

Семафорот на Демокле

Семафор виси на конец. На раскрсницата на ул. „Пролетерски бригади“ со „Ристо Крле“ во Струга опасен по живот, цели пет дена виси  сигнализационен столб.

 |  Николовска Биљана  | 
semafor
семафор

Семафор виси на конец. На раскрсницата на ул. „Пролетерски бригади“ со „Ристо Крле“ во Струга опасен по живот, цели пет дена виси  сигнализационен столб.

semaforВо него удрило патничко моторно возило марка шевролет. Полицијата поднела прекршочна пријава против лицето Д.С. од Охрид. Надлежните досега не превзеле ништо.

Според очевидци кои не сакаа да коментираат пред нашата камера во сигнализациониот столб удрило моторно возило марка шевролет. Вработените од продавниците, кои се во непосредна близина на  срушениот столб, слушнале силен тресок кој ги вознемирил. Тие стравуваат дека во секој момент истиот може комплетно да се сруши и да нанесе уште пострашни последици.

Секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски не беше запознаен со настанот, но рече дека под итно ќе реагираат и ќе ги превземат сите мерки кои се во нивна надлежност.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски го потврди настанот и изјави дека патничко моторно возило марка шевролет управувано од лицето Д.С. од Охрид на ул Пролетерски Бригади се движело во едносмерна улица, но во спротивен правец. Во еден момент возачот сакал да скршни на улица Ристо Крле но тоа го направил поради големата брзина со која возел, при што изгубил контрола и удрил во семафорот. Тој по незгодата го напуштил местото на настанот, а возилото го оставил.
Веднаш бил направен увид од страна на стручните служби на ОВР Струга. Врз лицето направен е алко тест кој бил негативен. Против возачот покрената е прекршочна пријава.

{loadposition content9}