Skip to main content

Сероти, прогласен за лауреат на СВП

Јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероти е годинашниот добитник на „Златен венец“ на 51- те Струшки вечери на поезијата.

 |  Николоска Биљана  | 
seroti
сероти

Јужноафриканецот Монгане Вали Сероти е годинешниот лауреат на Струшки Вечери на Поезијата. Францускиот поет Франсоа-Ксавие Мер пак, ја понесе наградата на УНЕСКО и на СВП за годинава. Ново име на манифестацијата е и Виолета Дишлиеска, во функција на В.Д. директор.

laureat serotiСоопштени имињата на годинешните добитници на Златниот венец  и наградата за најдобра дебитантска книга на млади поети ,,Мостови на Струга”. Нив денес на прес конференција  ги објави министерката за култура Елизабета Канческа Милеска. Во дел на нејзиниот говор стои:
„Дозволете ми да го изразам моето големо задоволство што оваа година на множеството поети кои ја препознаваат Струга како свој дом ќе  му се придружат и годинашниов лаурат Монгане Вали Сероти, чиј поетски глас ни доаѓа од далечната Јужноафриканска Република, како и добитникот  на наградата на УНЕСКО и на СВП за оваа година, францускиот поет Франсоа-Ксавие Мегр. Овие автори ќе бидат дел од  годинешното големо творечко градилиште, како што ги нарекува Струшките вечери големиот француски поет Жак Горшон и заедно со останатите поети ќе му испратат на светот срдечни и пријателски пораки на сите јазици и писма“.

Вчера беше назначен и В.Д. директор на СВП. Изборот на Министерката Милеска, падна за Виолета Дишлиеска вработена во оваа установа. Таа седнува на фотељата после првиот неуспешен конкурс за избор на директор на оваа значајна манифестација, каде кандидатите не ги исполнуваа условите согласно конкурсот. Вчера исто така е распишан нов конкурс кој ќе трае 8 дена. Останува да видиме дали изборот ќе оди лесно или ќе се тактизира како што тоа се случи со Охридско лето.

{loadposition content9}