Skip to main content

По шести пат во Струга „Инексово Култруно Лето“

Стара манифестација, но со ново име- „Езерски Бисер“.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого
Инексово лето по 6-ти пат во хотелот „Дрим“. Оваа година, манифестацијата е со ново име -Меѓународен арт фестивал “Езерски Бисер“. Наместо како досега, настанот  да се одржува на базенот „Камелија“ овој пат манифестацијата ќе се биде лоцирана во националниот ресторан „Струшки Кепенци“. Свеченото отварање  ќе биде на утре, во 21 часот.

organizacija„Најавено е присуство на еминентни гости. Ќе дојдат претставници од министерството за Култура како и македонскиот амбасадор во Москва“-вели Татјана Огненовска од АД.Хотел Инекст-Дрим.

Организаторите најавуваат отие 6-тото издание на овој културен настан ќе биде со поразлична содржина од онаа  досега. Во програмата на манифестацијата  “Езерски Бисер“10-ти август е резервиран за „Вечер на
Славјански песни и танци“ додека на 11-ети, следниот ден со почекто во 21 часот, ќе биде прикажана претставата„Гола до пола“. Хорот од Рига ќе има концерт на 13 август.

На шесте вечери од манифестацијата влезот ќе биде бесплатен. Со тоа, организаторите велат дека бројот на посетители од Македонија но и од странство  ќе биде многу голем.

Покрај културните настани, дел од манифестацијата ќе бидат и натпреварувањата кои е се одржуваат во простории во хотелскиот комплекс.
Инаку, свеченото затварање на манифестацијата „Езерски бисер“ ќе биде на 16-ти август.

{loadposition content9}