Skip to main content

Штрајк во ЈП „Комунално“ Струга

Не стивнуваат страстите на штрајкувачите кои ги бараат своите права во ова претпријатие. Првиот човек, Петко Кутаноски, тврди дека вработените се изманипулирани од  дел од работниците. 

 |  Билјана Николовска  | 
kontenjeri
контењери
gjubreНе стивнуваат страстите на штрајкувачите кои ги бараат своите права во ова претпријатие. Првиот човек, Петко Кутаноски, тврди дека вработените се изманипулирани од  дел од работниците.  

Закани, притисоци, политички струи во ЈП „Комумнално“. Струшките комуналците штрајкуваат. Струга во моментов се гуши во ѓубре. Граѓаните оправдано револтирани, вели првиот човек на ова претпријатие, Петко Кутаноски. Тој причините за проблемот хронолошки ги појасни. Директорот рече дека од негова страна се било направено, за јавното претпријатие од катастрофално лоша состојба да го доведе во ред. Кутаноски рече дека од кога е тој директор нема нов долг и сите давачки навремено се плаќаат, дури вработените добивале плата на секој 25 –ти во месецот.
За Кутаноски останува нејасно, зошто сега е стопирана работата од страна на синдикалците кои го организирале штрајкот и апелира политичките партии да не мешаат прсти.
Претседателот на синдикатот во ЈП, Мижимакоски Борче, вели дека 70% од вработените штрајкуваат за неисполнетите обврски на директорот. Мижимакоски вели дека во немање на доволно аргументи и докази политиката секогаш е добра за изговор.
gjubreСпоред Кутаноски штрајкот не е легален. Тој вели дека организаторите на истиот се отстранети од работа согласно законската регулатива, бидејќи синдикатот не е тој кој што има право да донесува одлуки спротивни на законот.
Мижимакоски вели дека директорот е контрадикторен во своите изјави во врска со отказот. Дури и документот кој им бил врачен не бил правилно формулиран.
Закани и притисоци имало и од двете страни и од страна на раководството на претпријатието, но и од синдикалците кон сите оние што сакале да ги изведуваат работните обврски. Вината се префрла од едни на други.
Состојбата со струшкото комунално претпријатие е лоша. Синдикалците кои добиле отказ ќе одат до највисоките судски истанци, велат тие. Кутаноски пак вели дека мора да се изнајде решение и да се делува согласно законот, за стружани да ја добијат услугата која ја плаќаат.

{loadposition content9}