Skip to main content

Сидата присутна во затворитe низ државата

Заканата од сида, се надвисна над македонските затвори. Тоа се должи на крајно лошите услови кои владеат во голем дел од затворите во Македонија, велат стручните лица.

 |  Билјана Николовска  | 
zatvor
затвор

zatvorЗаканата од сида, се надвисна над македонските затвори. Тоа се должи на крајно лошите услови кои владеат во голем дел од затворите во Македонија, велат стручните лица. Ова е и забелешка на претставниците на Хелсиншкито комитет кои деновиве престојуваа во Охрид. Христо Ивановски од Хелсиншки комитет, повика државата сериозно да ги преземе сите потребни чекори и да не дозволи проширување на ова заболување. Пред се тука Ивановски потенцира оти мора под итно да се подобрат условите кои владеат во затворите.

„Самите директори на затворите, особено на Идризово ни кажаа дека имало неколку случаи на заболени од сида, но дека тие се под контрола и се под надзор. Ние од време на време влегуваме во затворите. Но, можам со сигурност да кажам дека има нотирано неколку случаи на сида“, рече Христо Ивановски- Хелсиншки комитет.

Наспроти фактите на Хелсиншки, директорката на Управата за извршување санкции Лидија Гаврилоска, го тврди спротивното.

„Во моментот нема осудени лица кои се болни од сида или се носители на хив вирусот. Имавме едно осудено лице во затворот во Идризово за кое дојде предлог за прекин на казната и овозможување на понатамошно лекување и негово хумано опстојување во општеството“, изјави Лидија Гавриловска- директорка на Управа за извршување на санкции.

Од Министерството за труд и социјална политика Душко Миноски, рече дека иако како министерство немаат посебни ингеренции на тоа поле, треба да им се овозможи поголем пристап во затворските институции.

Дали сидата е присутна во македонските затвори и во колкава мера, останува по се изгледа времето да покаже. Но кога се работи за ова заболување, секое затајување на одговорните, може негативно да се рефлектира и на онака незавидната состојба во која се наиѓаат затворите низ државава.

{loadposition content9}