Силјановска Давкова: Нашата земја ќе ја направиме пристојно европско место
Со безвременскиот цитат од Миладиновци кандидатката за претседател од колацијата „Твоја Македонија„ предводена од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова се обрати пред стружани. Рече, малку држави во светот имаат можност да имаат крајбрежје под заштита на Унеско, ние сме ја имале таа среќа, но не демне опасност. Струга е во зоната на самракот, во градот владее феудализам, но идна власт ќе вложи во заштитата на живтоната средина и развојот на туризмот, рече Давкова.
„Последиците сите ги чувствуваме тоа е она што ме загрижува. Тоа е она што го прочитав во програмата на ВМРО ДПМНЕ и ме инспирира дека ќе се посветат на нешто друго дека ќе формираат министерство за туризам и култура. Тоа е она што Охрид и Струга ги прави многу важни. Убедена сум дека можеме да живееме од културен туризам од религиозен туризам, од спортови под вода, над вода во планината бидејки навистина оваа убавина не само што може да се почитува туку и може да се искористи за благосостојбата“ – рече Давкова.
Нашата земја ќе ја направиме пристојно европско место, рече Давкова, која вети дека ќе биде одговорна претседателка и во континуиран контакт со граѓаните, кои ќе можат да пожалат, да дадат идеи и да ја контактираат во народни канцеларии.
Забележете и запомнете, додаде Силјановска Давкова „моите претставници во Судскиот совет ќе бидат врвни правници, персонификација на правото и правдата, а не на партиската послушност“.
„Во Уставниот суд треба да седат двајца судии или две судијки, предложени од претседателот, односно од претседателката. Тие треба да бидат врвот во правната професија, да го имаат угледот, да зрачат со достоинство и знаење. Тогаш Македонија ќе биде горда на Уставниот суд кој што во многу држави е еден од најважните фактори на демократизацијата на политичкиот систем… Потребно е во името на правдата, на етиката, на моралот претседателот понекогаш да се одважи и да посегне по една кочница во однос на судот. Тоа ќе го направам и честопати го спомнувам особено кога ги имам на ум обвинетите од 27 април. “, рече Силјановска-Давкова.