Веќе една деценија во ПСУ “Јахја Кемал” во Струга, традиционално се одржува симулација на формален прием за учениците од четврта година.
Оваа недела се одржа повторно ваков формален настан како практична настава, на која м упретходат теоретски подготовки на учениците за дипломатија и дипломатски протоколи.
На овој формален настан традиционално учествуваат гости од различни локални и државни институции. А самиот настан е збогатен со пригоден коктел и класична музика во живо.
ПСУ “ЈахјаКемал ” е мултиетничко училиште коешто ги негува позитивните интеракции и разлики меѓу сите свои ученици и образовен кадар и се гордее со сите досегашни дипломати, јавни личности и почитувани професионалци што произлегле токму од нашата образовна институција.