На 05.04.2024 во 05.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека патничко возило „форд” со охридски регистарски ознаки, управувано од 43 годишно лице од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска” во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското Езеро. Повредени лица нема, а по извршениот увид возилото е извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга, информираат од СВР Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.