Skip to main content

Кривична пријава

Скопјанец пукал на улица во Струга

Поднесена кривична пријава против 52-годишен скопјанец кој пукал со огнено оружје на улица во Струга. Оружјето нелегално го поседувал.
 |  инфодеск  | 
Црн Дрим Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Б.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки матерјал “.

Тој, на 25.02.2022 во хотел на улица „Партизанска“ во Струга испукал неколку куршуми од огнено оружје што нелегално го поседувал – информираат од МВР.