Skip to main content

Агенција за вработување

Слаб интерес за проектот Втора шанса во Струга

Слаб интерес за проектот „Втора шанса“ на Агенцијата за вработување во струшко. Со овој пилот проект им се дава можност на лицата кои од разни причини не завршиле средно образование, да добијат диплома, која не ја стекнале додека биле вклучени во редовното образование.
 |  инфодеск  | 
Струга

Слаб интерес за пилот проектот на Агенцијата за вработување наречен „Втора шанса“ во Струга. Станува збор за мерка која се однесува на лицата кои поради разни причини не завршиле средно образование. Им се дава можност да добијат диплома за завршено средно стручно образование, која не ја стекнале додека биле во вклучени во редовно образование.

Со проектот ќе бидат опфатени ранливите категории граѓани, лица до 29 години, роми; жени, лица со попреченост и долгорочно невработени лица, а основен услов е да имаат завршено втора година од средно образование.

Агенцијата за вработување со ИПА фондовите им дава втора шанса на лицата за полагање и достручна квалификација со трета и четврта година образование. Значи да го завршат средното образование да се доквалификува лицето – вели Елведина Дика, директор на Агенција за вработување во Струга.

Елведина Дика

Во Струга успешно се реализираат мерките за самовработување со грант од 5000 евра. Интерес има и за активните мерки со субвенции со плати, практиканство и зголемување на вработувањето со кредитирање.

Зависно од периодот на вработување на лицата имаме субвенции со 228 000 денари, со 97 000 денари финансиска поддршка. Зависно од периодот на вработување. Исто така имаме субвенции со кредитирање – додава Дика.

Трошоците за образовната програма од проектот „Втора шанса“ кон средните стручни училишта/регионални центри за стручно образование и обука, ќе бидат платени од ИПА Проектот„Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија.

Новинар : Соња Рилковска