Skip to main content

Центар за социјални работи

Слаб интерес за згрижувачки семејства во струшко

И покрај социјалните реформи, се уште има многу деца кои чекаат ваков вид на заштита, имаат потреба да бидат сместени во згрижувачки семејства, но нема доволно заинтересирани граѓани. Процедурата да се стане згрижувач не е комплицирана, велат од Центарот за социјални работи.
 |  инфодеск  | 
Стани згрижувач

Во струшко има само едно згрижувачко семејство, каде се сместени три деца. За жал и покрај социјалните реформи, се уште има многу деца кои чекаат ваков вид на заштита, имаат потреба да бидат сместени во згрижувачки семејства, но нема доволно заинтересирани граѓани.

Овој тип на згрижување овозможува топол дом, љубов и грижа, како и можност за правилен раст и развој на децата.

Во моментов, во Струга имаме едно згрижувачко семејство со три корисници. Како институција и министерството за труд и социјална политика сме посветени на подигање на свеста на нашите граѓани во општина Струга и општина Вевчани за значењето кое што го имаат згрижувачките семејства. Секогаш при дирекна комуникација со граѓаните сакам да посочам дека кога на едно дете ќе му подариме топол и сигурен дом подаруваме иднина која што значи среќа – вели Мевмед Халили, директор на ЦСР Струга.

Стани згрижувач

Процедурата да се стане згрижувач не е комплицирана. Надоместокот за згрижување на едно дете изнесува 16.730 денари месечно, за две 14.554 денари, додека за три деца 13.091 денари за секое дете. По спроведувањето на националната кампања за подигнување на свеста, се очекува интересот за згрижувачки семејства да расте.

По спроведување на националната капмања Подари рака – промени живот стани згрижувач, можам да кажам дека интересот расте, граѓаните се интересираат, доаѓаат, прашуваат и очекуваме бројот на згрижувачки семејства во струшко да расте – додава Халили.

Стани згрижувач

Согласно со одредбите на Законот за социјална заштита, згрижување во семејство опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица, кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Сместувањето на децата во згрижувачко семејство е најсоодветен облик, бидејќи се овозможува правилен психо-социјален развој, во услови на семејното опкружување. На територијата на земјава нема доволно згрижувачки семејства колку што има потреба.

Стани згрижувач

Новинар : Соња Рилковска