Слободата на изразување – демократија наспроти автократија
Демократијата во нашата земја може да ја вратиме единствено со овозможување непречена работна на Специјалното Јавно Обвинителство, така што сите кои што сториле кривични дела а раководеле со државата, да одговараат за своите дела, исткана Уранија Пировска од Хелсиншкиот Комитет. Денес во Струга се одржа дебата на тема „Слободата на изразување, демократија наспроти автократија.
Слободата на изразување – демократија наспроти автократија. Ова беше тема на денешната работилница која се одржа во Центарот на заедницата во Струга. Панелистите Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права и Билјана Бејковска од НВО Инфоцентар, дебатираа околу тоа што треба и како треба граѓаните да ја доживуваат слободата на изразување и слободата на мирен протест. Македонија долго време се соочува со селективна правда и веќе граѓаните го допреле плафонот на сето она што го собирале 10 години, изјави Пировска од Хелсиншкиот Комитет.
„Мислам дека конечно Македонија покажа односно нејзините граѓани покажаа дека стравот веќе не постои, од самото појавување на снимките и сите коментари кои се случувааа на социјалните медиуми беше јасно дека со разоткривањето на сето она што го правела оваа криминална власт на некој начин падна стравот на граѓаните се зголеми нивниот револт кој што кулминираше со одлуката за помилување на претседателот Иванов“.
Пировска смета дека она што сега го гледаме со шарената револуција, е нешто што одамна требало да и се случи на Македонија, при што дискутирајќи на главните теми осознавале дали граѓаните кои што се учесници во протестите имат притисоци и уцени.
„Овие работилници имаат за цел да ги охрабрат граѓаните да знаат дека тие не се сами да им се каже дека може да им се пружи бесплатна правна помош, при тоа бројноста на луѓе на протестите укажува дека веќе не може власта како порано да се справува со ваквиот начин на изразување на револт на граѓаните мислам дека главната порака е дека овој пат мора да се издржи до крај, во прашање е јавниот интерес и државата и иднината на земјата е нашата главна цел“.
Пировска категорична дека мора да се случи кривична правда, како и тоа СЈО мора да има можност слободно и непречено да си ги извршува своите надлежности, а тоа го очекуваат и граѓаните на РМ, односно сите оние кои што сториле кривични дела а раководеле со државата, да одговараат за своите дела.