©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Случајот со струшката депонија заглави на апелација

Судскиот процес за струшката депонија, по првата поднесена граѓанска тужба, заглави во апелација. Седум месеци нема одговор, по поднесената жалба од страна на тужените: министерството за животна средина, општина Струга и јавното комунално претпријатие, коишто струшкиот суд го прогласија за ненадлежен за вакво судење. Екологистите алармираат, велат судскиот процес со струшката депонија бара итно решавање, бидејки изминативе пет години во струшко има значителен пораст на заболени од карцином и респираторни заболувања.
 |  инфодеск  | 
Струшка депонија

Судскиот процес за струшката депонија заглави во Апелационен суд. Веќе седум месеци се чека одлуката на Апелациониот суд Битола, по поднесената жалба од страна на тужените, коишто струшкиот суд го прогласија за ненадлежен за ваков судски процес. Екологистите алармираат, велат проблемот со струшката депонија бара итно решавање, бидејки иминативе пет години нема никакво подобрување на состојбите со управувањето со отпадот.

Нов еко-проблем во струшко е повеќекратното спалување на дивата депонија во село Лабуништа.

Со самото пасивно постапување на Апелациониот суд се губи смислата за итноста на овие мерки за коишто ние бараме да бидат имплементирани со цел заштита на здравјето и животот на луѓето – вели Глигор Ќатоски, застапник на Здружение на млади правници и екологист од НВО „Доста е”.

Загрижувачки се податоците од вештачењето направено од страна на реномирани експерти за последиците врз здравјето на луѓето. Изминативе пет години во струшко има значителен пораст на заболени од карцином и распираторни заболувања.

Показателите се дека имаме покачување на бројот на малигни заболувања, особено по спалување на депонијата во 2017-та година. Зголемување и компликации во бременоста, зголемување на распираторните болести итн – додава Ќатоски.

Со првата поднесена граѓанска тужба во земјава за загадувањето од струшката депонија тужени се општина Струга, јавното комунално претпријатие и министерството за животна средина, кои меѓусебно си ја префрлуваат одговорноста за решавање на проблемот.

Новинар : Соња Рилковска 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top