Смрт под нејасни околности
Сеуште не се познати причините за смртрта на 16-годишниот Илир Села од струшкото село Ливада. Денеска врз починатото лице извршена е обдукција. Со цел да се добијат поконкретни сознанија и да се утврди се она што му претходело на случајот стручните служби на СВР Охрид веднаш превзеле мерки. Според портпаролот на СВР, Стефан Димовски од она што досега се знае е дека, „настанот се случил во интернет кафе во селото каде, сега починатиот, бил со тројца негови другари малолетници, при што настанала вербална расправија“.
Како стигнало телото на Села до неговата фамилија е мистерија. Останува отворено прашањето како после извршената обдукција врз телото на Села не се констатирани траги на насилство. Димоски вели дека она што досега е кажано, дека наводно смртта на Илир настанала заради повреда при удар по половите органи, не е потврдено од истражниот судија Никола Спасески. За Илир Села се знае дека заедно со неговата мајка имале нерегулиран престој во Р Македонија. Се наметнува прашањето како починал Села и зошто полицијата од извршената обдукција нема никаква информација заради која настанала смртта.
{loadposition content9}