Смртта на Миладиновци и после 150 год, мистерија
Струга денес во знакот на одбележување на овој значаен јубилеј. Зборникот на браќата Миладиновци, како темел на македонската писменост, ќе биде преведен и на албански јазик на иницијатива на градската библиотека во Скопје.
Браќа Миладиновци
Во предворјето на Спомен домот на Браќата Миладиновци, денес во Струга, беше одбележан еден од најзначајните јубилеи на оваа општина, 150 годишнината од смртта на браќата Миладиновци. Разме Кумбароски од Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“, вели дека 18 јануари 1862 лето господово, е денот кој во македонската историја оставил голем белег, бидејќи во Истанбул згасна животот на големиот македонски лирски поет Константин Миладинов. Додава дека, истата зла судбина, после 4 дена го снашла и неговиот брат, големиот преродбеник Димитар Миладинов. Кумбароски потенцира дека интензивно работат на откривање на мистеријата за тоа каде лежат посмртните остатоци на браќата Миладиновци. Тие веќе биле во контакт со надлежните на квартот Шишли, во општина Еминуну Фатих од Истанбул, каде што во тоа време биле гробиштата и веруваат дека се на вистинскиот пат за разоткривање.
Одбележувањето на денот на смртта на браќата Миладиновци, посебно фактот што со секое нивно споменување се сеќаваме нивните дела, е голема чест, вели потомокот на браќата, Ристе Миладин, кој е нивно четврто колено. Тој исто така кажа, дека како потомци на големите браќа Миладиновци, се` направиле да дознаат каде се нивните посмртни остатоци, но до ден денес ништо од тоа. Ристе Миладин е убеден дека тоа може да се направи само по пат на договор, држава со држава.
Делата на браќата Миладиновци се темел на македонската книжевна преродба, вели директорот на скопската градска библиотека Бранко Цветкоски. Тие по повод јубилејот, 150 годишнината од нивната смрт, посериозно се заангажирале за подигање на свеста кај народот за се она што големите Миладиновци го направиле на полето на литературата во 19тиот и 20тиот век.
Свежо цвеќе на бистата на браќата Миладиновци положија претставници на општината, претставници на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“, како и директорката на НУ- Центар за култура „Браќа Миладиновци“, Слободанка Попоска. Реч за браќата Миладиновци одржа новинарот и писател, Јован Негриески, а свој настап имаа и други поети од Македонија.
{loadposition content9}