Skip to main content

Снегот дополнително ја комплицира состојбата

Струга блокирана, а неколку села потполно отцепени. Последните вренежи од снег дополнително ја влошија состојбата во Струшко. Надлежните се правдаат дека екипите се на терен и дека се работи постојано.

 |  Татјана Маленкова  | 
radozda
радожда
radozdaСтруга блокирана, а неколку села потполно отцепени. Последните вренежи од снег дополнително ја влошија состојбата во Струшко. Надлежните се правдаат дека екипите се на терен и дека се работи постојано.

Последниве врежи од снег, дополнителна мака за Стружани. Градот е блокиран а некои села се потполно отсечени. Нашите обиди да одиме денеска во селото Радожда, Струшко, останаа безуспешни.

И случајните минувачи на коловозот кои доаѓаа од Радожда не предупредија да не се обидуваме да продолжиме во таа насока.

„Ние како ЈП „Комунално“ Струга во делот на нашите ингеренции одговараме за чистотата само на шетачката зона. Другиот дел од градов треба да го чисти приватна фирма која ја ангажираше локалната самоуправа преку тендер“-изјави директорот на ЈП „Комунално“, Петко Кутаноски.

Инаку покрај снегот, жителите на Калишта и Радожда синоќа останаа будни поради големите бранови од север и стравот од поплави. Жителите велат дека подрумските простории им се поплавени од подземните води. Тие додаваат :„не паметиме водата да е олку надојдена“.
Доколку и во наредните денови врне, ќе треба под итно да се стават нови вреќи со песок, додаат нашите соговорници.
{loadposition content}