Skip to main content

Подобрување на туристичката инфраструктура

Со пари од ЕУ ќе се поттикнуваат туристичките еко бизниси во Струга

Со европски пари ќе се поттикнуваат еко бизниси во туристичкиот сектор. Субвенции ќе добијат 40 мали компании во двете погранични општини Струга и Поградец за поставување соларни панели и подобра енегретска ефикасност. Целта е подобрување на туристичката инфраструктура преку вложување во зелени бизниси за заштита на животната средина.
 |  инфодеск  | 
Струга

Ќе се поддржуваат туристичките еко бизниси во Струга и Поградец. Целта е подобрување на туристичката инфтраструктура преку вложување во зелени бизниси за заштита на животната средина. Поголема промоција на природното и културното наследство, историските знаменитости, како и привлекување на што повеќе туристи.

Субвенции за поставување соларни панели и подобра енерgетска ефикасност ќе добијат 40 компании од туристичкиот сектор во двете погранични општини.

Да ги слушнеме еко бизнисите и нивните потреби кои што ги имаат. Како проект следна активност ни е инсталација на 40 соларни панели, по дваесет во секоја општина, во Струга и Поградец – вели Најдова Илиевска, проект менаџер.

Најдова

Интересот кај стопанствениците е голем, особено во време кога поголемиот дел од хотелско-угостителските компании се соочуваат со предизвиците од енергетската криза.

Бизнисот да биде еко или да има потенцијал да биде еко, да биде мал бизнис, од областа на туризмот, односно туристички провајдери и агенции, хотели, угостителски објекти – појаснува Илиевска.

Еко хотели

Проектот „Струга и Поградец за промоција на туризмот и културното наследство-COOLTOUR”, започна да се реализира во јануари лани, а ќе трае до крајот на идната година. Финансиран е од Европска унија преку ­­­­­програмата на ИПА II за прекугранична соработка.

Новинар : Соња Рилковска