Сo театарска игра против трговија со луѓе
Со сцени од влегување во мрежата на трговија со луѓе струшките средношколци одиграа театрска претстава.
Со сцени од влегување во мрежата на трговија со луѓе струшките средношколци одиграа театрска претстава. Тие преку театарски форум, на своите врсници им го доближија ужасот од лекомисленото впуштање на лесна заработувачака. Претставата е проект на Црвен крст и невладината организација за неформална едукација на деца и млади „Рубикон“. Преку форум театарот младите интерактивно се вклучуваат со свои размислувања, ги споделуваат примерите и како публика нудат свои решенија како да се заштитат од оваа појава, вели Владо Караев од невладината органзиација Рубикон.
На форум театарската претстава и претходеле и едукативни предавања на тема спречување на трговија со луѓе. Предавањата биле одржани во четири средношколски центри во Струга: Нико Нестро, Ибрахим Темо, Јахја Кемал и во Петтата приватна гимназија. Струшките средношколци покажале интерес како да се заштитат, но и како да делуваат при вакви појави, па некои училишта побарале и дополнителни предавања, вели секретарот на струшкиот Црвен Крст, Адхуриме Даути. Овој проект освен во Струга се реализира и во Дебар и Струмица. Иако состојбата не е алармантна младите се сензибилизираат како да се заштитат од трговијата со луѓе, напоменува Даути.
„ За среќа не е алармантна бројката со трговија на луѓе според резултатите од МВР. Но, важно е младите да знаат дека жртва може да е секој без разлика на етничката припадност или социјалниот статус. Тие треба да знаат да го препознаат тоа како и да го знаат ризикот“.
Проектот „Никогаш не е доцна да се стави крај на трговијата со луѓе“ е поддржан од Владата на РМ , а го спроведуваат волонтери на Црвен крст и невладини организации, а е прифатен од средношколската младина.
{loadposition content9}