Skip to main content

Сообраќајка меѓу двајца малолетници во струшко Лабуништа

Од најновиот билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
a person standing on a treadmill

Вчера во 18:30 часот, во Полициската станица Струга е пријавено дека, во селото Лабуништа, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл марка „Априлија“ без регистарски таблици, управуван од малолетник и електричен тротинет, управуван од малолетник, двајцата од селото Лабуништа.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал тротинетот, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга, информираат од СВР Охрид.