На 8-ми јули 2022 година, во 18:45 часот, се случи сообраќајна несреќа на регионалниот пат Р1201 Дебар-Струга, во струшкото село Велешта, во која е повредено едно лице.
Патничко возило марка „Рено клио“, со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 26-годишниот О.Д. од струшкото село Лабуништа, удрило во велосипед управуван од 81-годишниот Н.Ќ. од селото Велешта. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Известен е Јавен обвинител, а увид извршила екипа од Полициската станица од Струга – се вели во соопштението на МВР.