©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Советот за локална превенција притекна на помош

Советот за локална превенција бара излез од меѓуетничките конфликти во средношколскиот центар.

 |  Билјана Колоска  | 
sovet
совет
Во полн состав претставници на локлната самоуправа, полицијата, невладини организации, ОДСЕ  како и директорите на двете средни училишта седнаа на маса да најдат долгорочно решение за учениците од понеделник да се вратат на настава.
 
Советот за локална превенција од Струга, денес во полн состав се состана за  заеднички да го надминат проблемот со конфликтите во „Нико Нестро“.
Јазичните делби во средношколскиот центар нема да го нарушат соживотот во Струга, вели директорката на „Нико Нестор“. До оваа ситуација доаѓа од претходното образование и воспитување, проблемот не лежи во „Нико Нестро„ или „Ибрахим Темо“-вели директорката Маре Савеска. Тим од стручни лица по низа истражувања, дошле до заклоучок дека голем број на ученици македонци и албанци за прв пат се среќаваат токму во средно училиште. Истите од градинка, па и основоно образование  се делат на македонски и албански наставен јазик, истакна  Савеска. Заедничка екскурзија на македонци и албанци не е организирани околу 10-тина години, ниту пак матурска вечер, вели Савеска. Додава дека и досега  учниците просторно се поделени, и единствено се гледаат на големите училишни одмори.

Една од причините зошто не може да дојде до меѓусебна комуникација е тоа што  повеќе од учениците албанци не го разбираат македонскиот јазик, вели Савеска. Спротивно е мислењето на претставникот на невладината организација „Аква“.

Претседателот на советот на родители од „Нико Нестро“ вели дека на проблемот со конфликтите во „Нико Нестро“ му се дава друга димензија.

sovetДиректорот на  гимназијата „Ибрахим Темо“ кажа оти бојкотот на наставата во „Нико Нестро“ негативно влијае и во неговото училиште. Тој уште еднаш потенцира оти гимназијата нема услови за воведување јазични делби.

Претставникот од ОБСЕ го повтори ставот на во врска со идеата да се воведат јазични делби во „Нико Нестор“.

Советот за локална превенција одлучи деновиве да се изготви брз краткорочен акционен план со цел учениците од понеделник да се вратат на радовна  настава. Во меѓувреме, претставниците на ОБСЕ ќе разговара со родителите, професорите и  учениците албанци и македонци, за да ги приближи нивните ставови. Во иднина се очекува изготвување на уште еднен поголем акционен план за долгорочно решавање на проблемот во средношколскиот центар.

 

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top