Спасе Кочовски ја презеде функцијата градоначалник на Вевчани
Спасе Кочовски ја презеде градоначалничката функција на Општина Вевчани.
Спасе Кочовски ја презеде градоначалничката функција на Општина Вевчани. Кочоски доаѓа од редовите на ВМРО ДПМНЕ, на местото на Сашо Јанкоски од СДСМ.
Драги мои сограѓани, ветувам дека во работењето секогаш ќе постапувам законски, независно, непристрасно, етички, одговорно и транспарентно, односно во ниту еден момент нема да ги доведам во прашање интегритетот и угледот на Општина Вевчани. Мојот концепт е обединето Вевчани и Вевчани за сите луѓе, без разлика на партиската припадност. Време е да покажеме дека градоначалничката функција никако не смее да биде политичка и да претставува извор на делби и поделби. Напротив, таа треба да се извршува професионално и еднакво за сите луѓе. Оттука, ветувам дека поделби по која било основа нема да има. Ќе го слушам секој еден ваш проблем со кој се соочувате во секојдневното функционирање и живеење и во рамките на надлежностите, заеднички ќе го изнаоѓаме решението. Нема нерешлив проблем. Потребно е решавање на сите т.н. „мали проблеми“. Потребно е решавање на сите реални проблеми за кои локалната самоуправа, всушност и постои – рече Кочовски.
„Ќе работиме на креирање средина во која граѓаните ќе бидат активно вклучени во процесот на донесување одлуки на локално ниво и ќе бидат главни двигатели на промените и локалниот развој. Од Вевчани да направиме место каде што градоначалникот е во служба на секој граѓанин, а не е власт. Заедно со општинската администрација, со Советот и со граѓаните, посветено ќе работиме за надминување на предизвиците на новото време. Со работа почнуваме веднаш, додаде Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски.