
Специјализираната Болница за Нефрологија – Струга започна со примена на нова процедура: поставување на југуларни катетери под ЕХО.
–Во рамките на континуираните напори за унапредување на услугите и грижата за пациентите, започнавме со примена на нова процедура поставување на југуларни катетери под ЕХО. Оваа постапка под ехо го прави процесот побезбеден и поконтролиран, информира директорот на болницата, д-р. Јетмир Зиба.

Поставувањето на југуларни катетери кај пациентите кои се лекуваат со хемодијализа има повеќе предности, како што се:
• намален ризик од венска стеноза,
• побезбедна и полесна положба за манипулација за време на хемодијализата и секојдневно одржување,
• помал ризик од инфекции во споредба со феморалната вена,
• подобар проток на крв,
• полесно поставување под ехографија.
Целата оваа иницијатива е реализирана во соработка со Клиниката Von Basedow од Германија.

–Горди сме што носиме модерни методи во здравствената грижа во нашата болница и искрено му се заблагодаруваме на Д-р Шкељќим Реќи – специјалист анестезиолог, кој одржа професионална едукација за оваа напредна процедура и за неговата посветеност, вели директорот Зиба и најавува дека соработката со германската клиника ќе продолжи и со значајна донација на медицинска опрема.