Skip to main content

„Да спиеме добро – да останеме здрави“

За сите оние кои уживаат  во спиењето или имаат проблеми со него, ова е нивен ден. Имено денес е  Светскиот ден на спиењето, кој годинава се одбележува под мотото „Да спиеме добро – да останеме здрави“.

 |  Крсте Голабовски  | 
spienje
спиење

spienjeЗа сите оние кои уживаат  во спиењето или имаат проблеми со него, ова е нивен ден. Имено денес е  Светскиот ден на спиењето, кој годинава се одбележува под мотото „Да спиеме добро – да останеме здрави“.

Светскиот ден на спиењето е интернационален настан кој има за цел да го прослави самиот акт на спиење и да ја подигне свеста кај луѓето за проблемите и нарушувањата поврзани со него. Настанот е спонзориран од Светската асоцијација на медицината на спиењето, составена од експерти за спиењето од целиот свет. Од недамна е познато дека квалитетниот сон е важен за нашето здравје. Со други зборови, ако не спиете доволно и квалитетно се изложувате на зголемен ризик за разболување. Само 21 процент од светот спијат по препорачаните 8 часа. Значи мнозинството воопшто не спие, а тоа е причина за многу болести .Најновите истражувања покажуваат дека дури 25 отсто од сообраќајните несреќи се случуваат поради заспивање зад волан. Имено, во медицината се познати 85 различни пречки во спиењето. Разните видови на несоница, пречките во дишењето при спиење и слично, предизвикуваат лошо чувство кај поединецот, утрински главоболки, поспаност и се причина за дел од несреќите на работното место и во сообраќајот. Што се однесува до односот на половите кон доброто спиење, едно истражување покажало дека доколку мажите треба да избираат помеѓу секс и спиење попрво би одбрале мека перница, добар душек и мир.Истражувањето спроведено на 8500 мажи покажало дека 79 % од нив помеѓу спиењето и сексот го одбираат добриот сон. Најдобриот совет за добар и квалитетен сон не е ни малку романтичен, со оглед на тоа дека научниците препорачуваат спиење во одвоени кревети.
{loadposition content9}