Списокот на бесмртните го пишува народот
НОБ никогаш не треба да се заборави. Новиот претседател на Општинскиот одбор на Сојузот на борците НОБ од Охрид, Гоце Георгиески, веднаш се зафати со работа. Координацијата на 500 членови од Охрид за него претставува предизвик и задоволство, бидејќи верува дека работи со луѓе кои ги почитуваат единствените цели за постоење на ова здружение. Како основни цели Георгиески ги потенцира, чување и негување на борбените традиции и придобивки од НОБ, како што се победата, слободата, нацијата и народот.
Георгиески истакна дека веќе за нецели две недели донесена е програма за работа во 2010 год во која е зацртано одбележување на поважните датуми и настани поврзани со НОБ. Тој рече дека сите датуми од историјата достоинствено треба да се одбележат. Премиерен настап новиот претседател имаше на 9 Мај за време на одбележувањето на 65 годишнината од победата над фашизмот. Тој истакна дел од неговите впечатоци по повод овој ден.
Георгиевски бил пријатно изненаден од присуството на младите за одбележувањето на 9 ти мај. Иако потенцираше дека младите малку знаат за историјата на Втората светска војна.
Претседателот на ОО на Сојузот на борците Георгиески, вели дека му претстојат бројни активности, меѓу кои, на крај на месецот, учество како претседател и делегат на осмиот Конгрес на сојузот на борците, кој е на републичко ниво. Георгиески потенцира дека расте бројот на нивното членство поточно на луѓето кои ги поддржуваат борбените идеали од времето на НОБ.
{loadposition content9}