Спомен плоча со имињата на првите албански просветители
Идејата е на советникот Хинор Кица од политичката опција Нова Демократија, но за нејзина реализација, потребено е мнозинство по Бадинтер од советницте на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ од Струга.
24 имиња на првите албански просветители од времето на 1940-1950 година, да се стават на спомен плоча, во атарот на струшкото О.У. „Браќа Миладиновци“. Идејата ја предложи советникот на Нова Демократија Хинор Кица, на 48 та седница на Советот, по барање на поранешни просветни работници од Струга. Советниците се најдоа затечени од овој предлог, бидејќи истиот на бил спомнат на координацијата пред седницата.
„Е сега зошто ние закаснавме, се работи за технички проблем не успеавме на координацијата да ги известиме другите советници за подеталните информации. Ова беше технички пропуст апсолутно не се работи за некаква намера затоа што оваа спомен плоча треба да се добие од страна на сите советници бидејќи тоа треба да помине по Бадинтер“.
Од советничката група на ВМРО- ДПМНЕ, побараа предлогот да биде одложен за наредната седница бидејќи за истиот немале материјали. Исто така од таму не сакаа да го коментираат нивниот став по овој предлог. Но дел од деталите за тоа како дошло до идејата за спомен плочата на првите албански просветители, ја појасни Кица.
„Апсолутно не се работи за некоја политичка намера, ниту сакаме некој да го навредиме, бидејќи причината беше тоа што просветителите бараа 7 ми Март бидејќи е ден на албанската просвета усвоен од Владата на Р. Македонија, така да тие на тој ден сакаат да положат цвеќе да имаат некој нишан каде можат да го направат тоа“.
Кица вели дека постојат неколку алтернативи за локацијата каде да се постави спомен плочата, кои треба советниците да ги разгледаат. Но според него најдобро е истата да биде поставена во атарот на О.У. „Браќа Миладиновци“. На плочата планирано е да бидат испишани 24 имиња на првите албански просветители од времето на 1940 – 1950 година, а во левиот агол да стои книга. Кица смета дека идејата ќе биде прифатена од советниците и истата ќе биде реализирана со дел на средства од општината како и дел од спонзорства. Додава, во иднина доколку и македонските советници имаат предлог за ваква или слична идеја добро е да биде прифатена.
{loadposition content9}