Skip to main content

Спортот ги обедунува стружани

Спортистите од Струга со поддршка за кандидатот за градоначалник и заедничката советничка листа н аВМРО – ДПМНЕ и СДСМ.

 |  Николоска Биљана  | 
sportstruga
спортструга

 

Сите заедно спортски да се обединиме за подобра Струга. Синоќа во спортската сала на средното училиште Нико Нестор, спортистите, спортските работници и сите подржувачи на спортот одржаа централен собир на спортисти од општина. Целта беше спортистите да дадат поддршка на кандидатот за градоначалник на општина Струга Др. Владимир Кочоски како и за заедничката советничка листа на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, за Струга. Воедно спортистите упатија порака дека на Струга и требаат подобри услови за спорт. Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт Лазар Попоски, спомна дека последниве шест месеци сконцентриран е на подобрување на условите за спортот, бидејќи според него Струга вез спорт неможе, Струга сака спорт и Струга заслужува спорт.

sportstruga„Ова е еден историски момент кога вредностите на спортот почитувањето, соработката, пријателството, обединувањето почнаа да се пренесуваат меѓу сите граѓани во Струга, обединети и сплотени околу една идеја, за подобра Струга, за нова Струга да дадеме поддршка за кандидатот за градоначалник Др Владимир Кочоски и за предложената советничка листа и која во која што навистина два лути политички ривали најдоа сили и позитивна енергија да се обединат околу вредности кои се навистина од национален интерес“
„Струга бил спортски град, е, и со новиот градоначалник тоа ќе се потенцира уште повеќе“.
 „Спортот и спортистите секогаш биле двигател во Струга. Нека од овде почне обединувањето, сите за Струга, да станеме за подобра Струга“.
 „Знаеме колку млади ракометари излегоа од Струга, мислам дека треба да се вложи повеќе во спортот и се надевам со излезноста на 24 март, нема повеќе партии во Струга дали е ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, тука се работи за македонштинава и мислам ако сите масовно излеземе ќе направиме многу за спортот во Струга“.

{loadposition content9}