Oтстранет депониран материјал и спречено натамошното насипување на крајбрежјето на Охридското Езеро
Отстранет е депонираниот материјал и спречено е натамошното насипување на крајбрежјето на Охридското Езеро, информираат од Општина Струга.

Спречено е натамошното насипување на крајбрежниот дел на Охридското Езеро, информираат од Општина Струга.
Како што посочуваат од локалната самоуправа, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност, интервенцијата на езерското крајбрежје е прекината, а материјалот што претходно бил депониран на локацијата е отстранет.


Од Општина Струга најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат соработката со надлежните институции, со цел заштита на крајбрежјето на Охридското Езеро и зачувување на неговите природни вредности.









