СВР Охрид и ОВР Струга, преземаат соодветни безбедносни мерки во пресрет на одржувањето на годишниот Преспа Форум за дијалог 2023 (ПФД-2023) што на 15 и 16 јуни 2023 година, ќе се одржи во Струга. Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на одредени објекти, локации и сообраќајници, каде е предвиден престој и движење на најавените делегации.
Денеска од 16 часот на сила ќе биде забраната за паркирање и сообраќај на моторни и други возила на улицата „Партизанска” од кружната крстосница со „Маркс и Енгелс” до „Владо Малески” и улицата „15 корпус”.
На 15.06.2023 година, под посебен сообраќаен режим и сообраќајно обезбедување, ќе бидат и останатите локални и регионални патишта со посебен акцент на улицата „Партизанска” како и на дел од магистралниот пат Струга-Ќафасан каде, ќе има повремен прекин на редовниот сообраќај заради приоритет на движење на возилата под придружба.
Со оглед на исклучително значајниот настан кој ќе се одвива во Струга, од СВР Охрид апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците и другите локации.