Skip to main content

Сработеното на дело

Лицата со попреченост од Струга покажаа дека можат да се доближат до институциите и да придонесат како секоја единка. Тие денес го одржаа финалниот фестивал и го заокружија проектот „Дозволете да развиваме нови вештини“.

 |  Билјана Николоска  | 
finalen festival
финален фестивал

Во Струга одбележан меѓународниот ден на лицата со попреченост. Стручниот тим заедно со децата членови на организацијата „Порака нова“,по тој повод денес, го одржаа финалниот фестивал. Тие, преку игра, песна, слика и театарска уметност, докажаа дека кога се сака се се може. Претседателот на организацијата „Порака Нова“, Соња Маџоска кажа збор два околу подготовките за завршниот настап на лицата со попреченост.

Маџоска ја потенцира и големата важност на денешното одбележување на меѓународниот ден на лицата со попреченост, од аспект на децата. Според неа премалку е во еден ден, да се покаже целото стекнато знаење на лицата со попреченост во рекреативениот центар.

Координаторот на проектот Анита Гаговска, сублимирано се осврна на процесот реализација на проектот „Дозволете да развиваме нови вештини“.

finalen festivalОд Порака Нова кажаа дека преку овој проект се подобрила соработката со Центарот за социјални грижи. Отаму додадоа дека на овој начин повеќе се доближиле до фирмите кои вработуваат лица со попреченост и го постигнале најважниот ефект, а тоа е  да ги анимираат семејствата кои имаат член со попреченост. На финалниот фестивал присуствуваа повеќе истакнати личност од јавниот и општествениот живот на Струга , Вевчани и Охрид. Исто така пофални зборови за активностите на Порака Нова, искажа и претставникот од ЕУ, Шеф на Секторот за политичко –правни работи Роберт Лидел.



 {loadposition content9}