На сред парк, дрвена барака
Ова може да се сретне само во Струга, се пожалија станарите од комплексот згради на ул ЈНА. Оваа барака невидлива е за инспекциските служби.
Ова може да се сретне само во Струга, се пожалија станарите од комплексот згради на ул ЈНА. Оваа барака невидлива е за инспекциските служби..
Импровизирана колиба на среде парк во Струга. Станарите од комплексот згради на ул ЈНА утрово реагираа до нашата редакција, барајќи разбирање за нивниот двегодишен проблем. Имено, во паркот кадешто секојдневно играат и растат нивните деца и внуци, некој се дрзнал да узурпира простор кој наликува на ругло, велат тие. Сопственикот бил уредно опоменат од страна на станарите, додаваат тие, но од негова страна, наместо разбирање, добиле дрзок одговор, да се жалат кај што сакаат, а него никој ништо не му може.
Овој проблем на одговорните на општина Струга им дојде како гром од ведро небо. Тие погледнаа во објективот на нашата камера со цел да ја видат местоположбата на спорната барака. Ветија дека веднаш ќе се упатат на лице место, преку своите служби со цел лично да се уверат и да го решат проблемот.
Веруваме дека после нашата иницијатива, ќе следува експресна реакција на раководните структури во Струга, и ќе излезат со позитивно решение кон овој проблем.
{loadposition content9}